X
 04.01.2021 Здравје

Првите дози во февруари: Македонија ќе добие 800.000 вакцини против Ковид-19 од „Фајзер“

Македонија ќе добие 800.000 вакцини против Ковид-19 од производителот „Фајзер“, информираат од Министерство за здравство.
-Министерот за здравство Венко Филипче во директни преговори со овој производител обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор меѓу министерот Филипче и висок претставник на компанијата производител на вакцини против Ковид-19. Првите 5.850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди - велат од министерството.

Вакцината на „Фајзер“ се чува во фрижидери на -70 Целзиусови степени, а такви во нашата земја ќе пристигнат месецов.
Регулаторните медицински агенции, европската ЕМА и американската ФДА, имаат дадено одобрение за вакцината на „Фајзер“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје