X
 04.04.2024 Живот

Денот кога унгарскиот премиер се самоубил поради чувството на вина за германската инвазија врз Југославија

Кога германскиот напад на Југославија во 1941 година станал сè поизвесен, унгарскиот премиер Пал Телеки бил под голем притисок.

Од една страна, Германија барала помош од Унгарија во нападот врз Југославија, ширејќи лаги за настаните во Југославија, а од друга страна, Велика Британија се заканувала со објавување војна доколку германските сили ја преминат унгарската граница. Во тоа време Телеки останал без алтернатива.

Имено, тој бил член на делегацијата која на 12 декември 1940 година во Белград го потпишала Договорот за вечно пријателство и мир помеѓу Југославија и Унгарија. Телеки, ако вреднувал нешто во животот, тоа било принципиелноста. Но, во април 1941 година се нашол во тешка ситуација - што и да направел, ќе го прекршел сопствениот збор.

На 3 април 1941 година, по состанокот на кабинетот на кој била побарана помош во нападот на Југославија, тој отишол дома, чекал телефонски повик за влегувањето на германските сили во Унгарија, а потоа се самоубил. На масата оставил писмо упатено до Миклош Хорти, унгарски регент.

pismo
Прошталното писмо на унгарскиот премиер
Фото: Wikipedia

- Ваше Височество, го прекршивме зборот и кукавички не го испочитувавме Договорот за вечно пријателство и мир со Југославија. Нацијата тоа го чувствува, а ние ја фрливме нашата чест. Сега сме сојузници со никаквеци бидејќи ниту еден збор за наводните злосторства не е вистина, ниту против Унгарците, дури ниту против Германците. Ќе станеме крадци! Крадеме човечки тела и души! Ѓубре нација. Не те спречив во тоа. Јас сум виновен - навел Телеки во своето проштално писмо.

Британскиот премиер Винстон Черчил подоцна напишал дека самоубиството на унгарскиот премиер било жртва која требало да го ослободи него и неговиот народ од вината за учеството во германскиот напад врз Југославија.

Извор: 6yka.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот