X
 04.05.2023 Живот

Има 4 години, а сѐ уште не зборува како што треба. Со сопругот имаме многу несогласувања поради неговото однесување. Помагајте!

Сакам да се посоветувам во врска со моето синче, кое сега наполни четири години. Сѐ уште не зборува како што треба, многу е темпераментен, но не оди во градинка. Изолиран е од деца, а го чуваат баба му и дедо му. Веќе станува неиздржливо, кога нема да му го дадам тоа што го сака, ме удира или сам себе се удира, почнува да плаче, вреска и се фрла на земја. Што и да му кажам, тој спротивното ќе го направи. Веќе немам трпение, пробувам со убаво да му објаснам, ќе каже да и по неколку секунди пак по негово. Со сопругот имаме големо несогласување поради ова, секој си влече на своја страна и има само обвинувања дека другиот е виновен бидејќи го разгалил детето. Морам да напоменам дека првите две години живеевме во странство, тој е роден еден месец порано, со мала тежина и имаше периоди на апнеи и од стрес поради тие работи, јас како да го испуштив суштинскиот период во неговото воспитување.

Ве молам за совет, веќе не знам како да постапувам и се чувствувам како ужасна мајка која не знае да си го воспита детето.

Одговорот од психологот прочитајте го ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот