Веќе еден месец е хакирана фејсбук-страницата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
На страницата се објавувани содржини кои не се поврзани со студирањето, туку станува збор за кинески видеа кои предизвикаа исмејување и револт кај студентите поради несериозноста за објавените содржини.
- Која е поентата вакви видеа да се објавуваат на официјалната страница на УКИМ?! - коментира еден од следбениците.
Го исконтактиравме Универзитетскиот компјутерски центар (УКЦ) од каде што накратко ни изјавија дека се работи на случајот.
Последната објава на страницата е на 3 јуни, а веднаш откако профилот бил хакиран, УКИМ во коментари на новите објави напиша:
„Почитувани, страницата на УКИМ е хакирана веќе еден месец и работиме на враќање на истата. Се извинуваме за сите содржини што се постирани по 3 јуни“.