X
 05.02.2024 Живот

Стана славен поради една песна, а потоа исчезна: Каде е сега Готје?

Австралискиот музичар Воутер Андре де Бејкер, попознат како Готје, стекна светска слава во 2011 година кога ја објави песната „Somebody That I Used to Know“.

Песната доби многу награди, меѓу кои и три „Греми“ за најдобра песна, најдобар дует и најдобар алтернативен албум.

Музичкото видео за песната има повеќе од 2 милијарди прегледи на „Јутјуб“, а многу слушатели и обожаватели прашуваат каде е сега Готје.

Во 2014 година Воутер во интервју изјави дека нема да издава музика под името Готје, но не ја исклучи можноста да се врати на овој музички проект.

Малкумина знаат дека тој ја основал инди-поп групата „Д бејсикс“ во 2002 година. Освен што пее, во оваа група свири и на тапани. Групата имаат издадено четири албуми.

Во 2017 година откри дека избрал да не дозволи рекламирање на неговите музички спотови, вклучувајќи го и „Somebody That I Used to Know“, па не заработил ништо од нив.

- Знам дека ова им е чудно на луѓето во модерното време, но тоа е мојата одлука - додаде тој.

Членовите на бендот „Д Бејсик“ во 2021 година одлучија повеќе да не одржуваат концерти и изјавија дека ќе се фокусираат исклучиво на создавање музика. Воутер сè уште живее во Мелбурн. Тој е во врска со музичарката Таш Паркер, а деталите од неговиот приватен живот не се познати.

 

Извор: Klix.ba
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот