X
 05.02.2024 Живот

Тејлор Свифт го освои четвртото „Греми“ за албум на годината

Тејлор Свифт освои „Греми“ за албум на годината со „Midnights“ од 2022 година, со што стана изведувачка со најмногу награди во таа категорија. Ова ѝ е четврто „Греми“ за албум на годината.

- Би сакала да кажам дека ова е најдобриот миг во мојот живот, но се чувствувам среќна и кога создавам песна. За мене, вистинската награда е трудот. Сѐ што сакам е да можам да продолжам да го правам ова што го работам. Тоа ме прави многу среќна - изјави Свифт по добивањето на признанието.

Поп-пејачката притоа објави дека во април ќе го издаде и својот 11. Албум со наслов „The Tortured Poets Department“.
Оваа година таа имаше шест номинации за престижната награда „Греми“: за албум на годината, песна, снимка на годината, соло поп-изведба, поп-дует или групна изведба и поп-вокален албум.

За песна на годината е прогласена баладата „What Was I Made For?“ во изведба на Били Ајлиш, а пак, Мајли Сајрус доби „Греми“ за снимка на годината, за песната „Flowers“. Аренби и поп-пејачката Викторија Моне е прогласена за најдобра нова изведувачка.
„Греми“ наградите се доделуваат во повеќе од 90 категории, а победниците ги избираат музичари, продуценти и други лица членови во американската Национална академија за музички науки и уметности.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот