06.07.2020
Здравје
Ковид-19: 78 новозаразени и 172 оздравени во последните 24 часа
Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Новозаразените, според градови, се од:
-Скопје - 26
-Куманово - 4
-Дебар - 1
-Штип - 17
-Тетово - 9
-Струга - 3
-Битола - 1
-Охрид - 1
-Гостивар - 5
-Крива Паланка - 1
-Кочани - 1
-Пробиштип - 3,
-Виница - 1
-Свети Николе - 5
Починале 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 172 оздравени лица, и тоа од:
-Скопје - 72
-Куманово - 53
-Штип - 20
-Прилеп - 4
-Тетово - 10
-Велес - 1
-Гостивар - 5
-Пробиштип - 2
-Ресен - 4
-Неготино - 1
Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 7.124, бројката на оздравени пациенти е 3.199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.579.