X
 06.10.2019 Живот

„Го создадов Франкенштајн“! Творецот на расата лабрадудл се кае поради своето дело

Многу изумители жалат поради својот најпознат изум: научниците што стојат зад атомската бомба, изумителот на „калашников АК-47“ и од неодамна творецот на расата лабрадудл.

- Ја отворив Пандорината кутија и го ослободив Франкенштајн - вели 90-годишниот Воли Конрон, нарекувајќи го своето дизајнирано куче „животна грешка“. Австралискиот одгледувач на кучиња ја создал расата лабрадудл во 1989 година за да ги задоволи специфичните потреби на еден пар од Хаваи. Имено, сопругата била слепа и ѝ било потребно куче-водич, но нејзиниот сопруг бил алергичен на долгото влакно што е типично за кучиња-водичи како што се лабрадорите. Решението на Конрон било вкрстување на пудлица и лабрадор. На тој начин неговите клиенти добиле куче со послушност и темперамент како лабрадор, но со кратко и кадраво влакно.

Сепак, експериментот довел до неколку ненамерни последици: овие раси имаат здравствени проблеми, како што се епилепсија и дисплазија на колковите. Исто така, тие се неверојатно слатки, што било доволно да станат популарна раса на домашни миленици и покрај нивното генско наследство.

View this post on Instagram

What a beautiful place to be with friends.

A post shared by Hounds Of Mandeville (@houndsofmandeville) on


Од настанувањето на лабрадудл, вкрстените раси на кучиња станаа тренд во светот. Конрон вели дека практиката ги поттикнала одгледувачите на пудлиците да ги вкрстуваат со „несоодветни“ раси, давајќи ѝ предност на симпатичноста наместо на здравјето на кучињата.

Здравствените проблеми не се единствени само за расата лабрадудл. Многу вкрстени раси се чувствителни на наследни болести што им го отежнуваат животот и на кучињата и на нивните сопственици. Тоа е уште една причина поради која е подобро да удомите куче отколку да купите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот