X
 06.10.2020 Наука

Идентификувани планети што може да имаат подобри услови за живот отколку на Земјата

Земјата можеби не е најдобрата планета за живот во универзумот. Истражувачи откриле 24 планети надвор од нашиот Сончев Систем на кои има услови посоодветни за живот од оние на нашата планета. Некои од овие планети кружат околу ѕвезди што можеби се подобри од нашето Сонце.

Ова се откритија на ново истражување водено од научникот Дирк Шулце-Макуч од Универзитетот во Вашингтон. Во истражувањето се идентификуваат 24 планети што се на оддалеченост од над 100 светлосни години од нас. Шулце-Макуч вели дека новите телескопи може да помогнат да се добијат нови информации за потенцијалните планети со услови за живот.


Фото: Pixabay

Откриените 24 планети биле одбрани од 4.500 егзопланети што биле истражувани и исполнуваат одредени критериуми, како близина до ѕвезди, старост, големина и маса, влажност и температура. Ова не значи дека на овие планети има живот, туку дека условите се соодветни за живот.

- Имаме многу комплексни и разновидни животни форми и многу што може да преживеат во екстремни околини. Добро е да се има приспособлив живот, но тоа не значи дека го имаме најдоброто од сè - вели Шулце-Макуч.

Извор: eurekalert.org
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука