Германската Влада одобри нацрт на прехранбена стратегија со која би требало да се подобри храната во фабриките и во училиштата.
- Сакам да се погрижам секој жител на Германија да има пристап до квалитетна и здрава исхрана без оглед на примањата, образованието и потеклото - изјавил германскиот министер за земјоделство и исхрана Чем Оздемир.
Според него, местата за заедничко јадење треба да бидат места на кои луѓето добиваат квалитетни, вкусни и здрави оброци. Стратегијата треба да биде донесена до крајот на следната година, а се предвидува мензите во иднина да се држат до препораките на германската асоцијација за исхрана.
Фото: Pixabay
Се предвидува поголема употреба на сезонски намирници кои се произведени локално, помала употреба на месо, шеќер, маснотии и соли во готовите прехранбени производи. Целта на стратегијата е и намалување на количеството храна што завршува во отпад.
Би требало да се забрани и рекламирањето на нездрава храна во кампањите кои се однесуваат на деца помлади од 14 години.
Во Германија 15 отсто од децата се со прекумерна телесна тежина. Кај возрасните, 60,5 отсто од мажите и 46,6 отсто од жените имаат прекумерна телесна тежина.
Извор:
Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay