X
 07.06.2018 Здравје

Се подготвува нов закон за абортус

Се подготвува нов закон за прекин на бременоста со кој на жената ќе ѝ се даде можност за слободен избор за абортус до 12. недела, во консултација со матичниот гинеколог, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Слободен избор за прекин на бременоста жената ќе има и до 22. гестациска недела од бременоста, со оцена од комисија составена од двајца гинеколози и еден социјален работник.

– По наполнување на 22. гестациска недела ќе се формира посебна стручна комисија која ќе треба да направи процена за одобрување прекин на бременост. Таа комисија, освен гинеколози и акушери, ќе биде составена и од специјалист од детска хирургија, детска кардиологија, кардиохирургија, неврохирургија, анестезиологија и социјален работник. Во случај на вродена аномалија кај плодот, жената има право да ја прекине бременоста врз основа на мислење од овие специјалисти – рече Филипче.

Министерот додаде дека одлуката за прекин на бременоста е право на жената и оти тоа никој не може да ѝ го одземе.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје