Уредничката на CNN Money, Кристина Романс укажува на пет работи кои се многу поважни од приватните елитни дипломи.
1. Ангажман - Познато е дека шефот на персоналот на Google, Ласзло Бок, не е голем љубител на црно-белите биографии. Тој вели: „Луѓето од државните универзитети се еднакво добри, ако не и подобри од луѓето кои имаат елитни дипломи“. Тие повеќе се борат.
Анализите на Goole покажуваат дека добрите оценки само во првите години се во предност. „Просекот не одлучува дали долгорочно ќе работите како што треба“.
2. Добрите оценки не се неопходни за успех - Надоврзувајќи се на зборовите на Бок, ко-основачот на Home Depot вели: „Со светот управуваат студентите кои постојано добиваат 8-ки и 9-ки.
3. Храброст и одлучност - Шефицата на американската централна банка, Џенет Јелен, минатата година пред апсолвените рече: „Мит е дека успехот воглавно зависи од нечија надареност“. За неа страста е многу поважна од надареноста, а компаниите воглавно бараат луѓе кои се страствени кон нивната работа.
4. Личност - „Карактерот на еден човек и неговата личност е доста важна“, вели Стефан Шварцмен, извршниот директор на компанијата Blackstone. Тој вели дека карактерот на една личност е многу поважна од неговата магистратура.
5. Тимска работа - Во едно поголемо истражување направено од агенцијата „Express employment professionals“ во кој работодавците се запрашани кои се најважните осум квалификации на вработените. Образованието го ставија на последно место. Заклучок е дека и најдоброто образование не може да ја замени подготвеноста на тимска работа.