Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РСМ – АППРСМ објавува
Јавен повик за спроведување бесплатни стандардизирани менторски услуги во мали и средни претпријатија (МСП).
Целта на менторските услуги е обезбедување навремена поддршка на претпријатијата во клучен момент за нивниот понатамошен развој, по методологија развиена и применувана во Јапонија.
Корисниците на менторските услуги заедно со менторот ќе работат на анализа на моменталната состојба во која се наоѓа претпријатието, утврдување на клучните сегменти во кои е потребна поддршка, преточени во акциски план за нивно надминување, како и помош во решавањето на некои од нив.
Mенторите се квалификувани лица со овластување да ги спроведуваат услугите врз основа на успешно завршени менторски обуки од областа на дијагностика на претпријатија, финансиски менаџмент, маркетинг, развој на бизнис-план, управување со производство, деловна комуникација и развој на човечки ресурси.
Системот на менторски услуги е развиен и стандардизиран во соработка на АППРСМ и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) во 2018 година и се спроведува во соработка со Регионалните центри за деловна поддршка во седум региони на територијата на Република Македонија, од каде што иницијално доаѓаат и менторите.
Услугата се спроведува веќе 6 години, со вкупен опфат од 244 корисници, кои изразија задоволство и оценија дека менторството им помогнало во работењето.
Корисниците на услугата преку учество на оваа програма можат да бидат поддржани и со другите услуги што ги обезбедува Агенцијата преку системот за поддршка на МСП - субвенционираното ваучерско советување, добивање релевантни информации за водење на бизнисот – Инфо-пулт и друго.
Јавниот повик е отворен до 4 април 2024 година.
Право на учество на јавниот повик имаат микро, мали, средни претпријатија кои се занимаваат со производствени или услужни дејности.
За избраните корисници - постојни претпријатија се одобруваат 50 менторски часа, а за почетните претпријатија 25 менторски часа.
Пријавата може да се преземе од интернет-страницата на АППРСМ:
Пријава или во Регионалните центри за деловна поддршка -
Контакти каде што истата се поднесува заедно со придружните обрасци и документација.
(Комерцијална објава)