НЛБ Банка одбележува две години од своето патронство над Асоцијацијата за цистична фиброза. Преку низа активности за зголемување на свесноста и унапредување на животот на лицата со цистична фиброза во изминативе две години, НЛБ Банка ја потврдува својата посветеност да направи значајна разлика за оние што живеат со оваа ретка состојба.
Еден од најголемите проекти реализирани во изминативе две години е комплетната реконструкција на Одделот за цистична фиброза при Универзитетска клиника за детски болести во Скопје, за која неодамна со поддршка на НЛБ Банка беше набавен и вибромасажер за физикална терапија во болнички услови, неопходен во третманот на пациентите.
- Ова патронство е многу повеќе од финансиска поддршка. Ние две години стоиме покрај пациентите со цистична фиброза кои се соочуваат со многубројни предизвици, искористувајќи ја секоја можност за засилување на нивниот глас. Како патрон и поддржувач на Асоцијацијата, говорејќи за оваа болест, веруваме дека значително ја зголемуваме свесноста за цистичната фиброза, но и за сите лица што се справуваат со некоја ретка болест - истакнуваат од НЛБ Банка.
Не помалку значајни се и донациите на Банката во медицински помагала кои ги користат пациентите со цистична фиброза во домашни услови - спирометри, инхалатори, стерилизатори и помагала за физикална терапија кои ги користат сите пациенти на возраст над 4 години, а служат за прочистување на белодробието на пациентите од секреција.
- Во име на нашето здружение, би сакале да изразиме искрена благодарност за вашата непоколеблива поддршка и великодушност во изминатите две години. Вашата посветеност како заштитник и патрон на пациентите со цистична фиброза има значително влијание врз животите на многу поединци заболени од оваа ретка болест, како и на нивните семејства. Донациите што ги добиваме во континуитет не само што обезбедуваат основни помагала и медицинска поддршка, туку носат надеж и утеха на сите оние што се борат со оваа предизвикувачка состојба. Вашата посветеност за подобрување на квалитетот на животот на пациентите со цистична фиброза е длабоко ценета. Ние сме многу благодарни и со нетрпение го очекуваме продолжувањето на нашата соработка. Да направиме заедно позитивна промена во животите на оние што се засегнати од цистична фиброза - вели претседателката на Асоцијацијата за цистична фиброза, Ивана Атанасоска.
Инаку, денеска се одбележува Интернационалниот ден за подигнување на свесноста за цистична фиброза, која претставува комплексна, мултисистемска, живото-засегнувачка болест. Лицата заболени со цистична фиброза се во категорија на лица со трајна попреченост поради ретка хронична болест од најтежок облик. Во Македонија од цистична фиброза боледуваат над 140 пациенти.
Асоцијацијата за цистична фиброза е непрофитно здружение на пациенти, родители/старатели на заболени од цистична фиброза чија основна цел се активности за подигнување на свесноста за цистична фиброза како една од најчестите ретки болести во светот и во земјата, подобрување на условите и квалитетот на живот на лицата болни од цистична фиброза и помош на пациентите при обезбедување лекови и медицински помагала.
(Комерцијална објава)