X
 22.11.2024 Живот

„Бруто-националната среќа“ на Бутан се покажа како неуспешна бидејќи 9 отсто од населението ја напушти земјата

Бутан е единствената земја во светот што ја користи „бруто-националната среќа“ за да го измери својот успех. Но, се чини дека фокусот на среќата на оваа земја е неуспешен, со оглед на тоа што нејзините граѓани се иселуваат.

- Станува збор за егзистенцијална криза - изјави премиерот на кралството, Тшеринг Тобгеј, додавајќи дека сега заработувањето пари се најде на прво место кога станува збор за среќата.

Тобгеј објасни дека туризмот, на кој малата земја се потпира за приходи, сè уште не е доволно закрепнат од пандемијата. И, иако граѓаните на Бутан можеби се среќни и имаат бесплатна здравствена заштита, бесплатно образование и силна економија, тие треба да бидат и финансиски безбедни. Така, 9 отсто од населението избега главно во Австралија, во потрага по работа.

Но, оваа тешка ситуација инспирира храбар, иновативен проект за кој властите се надеваат дека ќе донесе пресврт: кралот на Бутан, Џигме Кесар Намѓел Вангчук, планира да ги поддржи своите граѓани со изградба на нов, модерен град дизајниран од Данска, наречен „Гелефу, град на свесноста“.

Новиот град ќе биде изграден во Јужен Бутан со различни правила од останатиот дел од земјата. Тоа ќе биде обид за нов модел на силен економски развој, иако градот и понатаму ќе се држи до бутанските вредности.

Премиерот му се обратил на данскиот архитект Бјарке Инглес за да го дизајнира. Новиот град ќе има населби сместени меѓу многуте реки во областа, поврзани со низа необични мостови. Мостовите ќе функционираат како јавни згради, со еден будистички центар, здравствени установи и универзитет. Градот нема да има облакодери и ќе биде изграден со локални материјали.

Кралот изјави дека успехот на проектот ќе ја обликува иднината на Бутан.

Извор: Boingboing.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот