X
 08.06.2020 Образование

Универзитетската изборна комисија при УКИМ е ставена во мирување, засега само еден кандидат за ректор

Работата на Универзитетската изборна комисија при УКИМ е ставена во мирување, соопштија денес членовите на оваа комисија. На 5 јуни Владата донесе Уредба со која се ставаат во мирување сите процеси и дејствија за избор на раководни функции.


Тоа подразбира и работата на комисијата, вели претседателот на Комисијата, проф.д-р Пламен Тројачанец.


-Ние денес се состанавме само за да соопштиме дека ја почитуваме донесената одлука. Немаме мандат да прекинеме процедура што ја почнала ректорската управа, се што се сработило до пред уредбата, си важи. Ќе чекаме насоки и нови одлуки за да ја продолжиме работата по вонредната состојба. До четвртокот, дури работевме имаше една доставена кандидатура – вели Тројачанец.


До денес требаше да бидат доставени кандидатурите за ректори на УКИМ. Кандидатите имаа пет работни дена за да го сторат тоа, но сега процедурата се одложува. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование