„Прљаво казалиште“, „Рибља чорба“, Здравко Чолиќ и многу други изведувачи во дел од своите песни пеат за трагедиите што им се случиле ним или на луѓето околу нив. Ќе бидете изненадени од приказните на вашите омилени југословенски песни.
Здравко Чолиќ - „Она спава“
Овој голем хит на Здравко Чолиќ ја опишува трагедијата што се случила во 1974 година кога девојката Милица Костиќ се фрлила од 11. кат од облакодер за да избега од петмина насилници што сакале да ја силуваат. Таму ја однел нејзин познајник, кој ѝ кажал дека таму живее неговата девојка која има строги родители.
Откако сфатила дека не постои девојка и кои се нивните намери, таа ги молела да не ја допираат, обидувајќи се да им ја разбуди свеста. Не сакале да се откажат, па фрлањето низ прозорец изгледала како единствена опција за да ја одбрани својата чест. Текстот е дело на Црногорецот Велизар Шофрнац, а по трагедијата биле организирани демонстрации со оглед на тоа што целиот случај ја шокирал тогашната југословенска јавност.
Индекси - „Бацила је све низ ријеку“
Оваа позната балада е приказна за големата љубов на Даворин Поповиќ и една непозната девојка од Сараево. Како што пишувале медиумите тогаш, нивната љубов пукнала кога таа забременила, а бременоста не била планирана. Девојката тогаш наводно абортирала и исчезнала од неговиот живот.
Години подоцна, наводно Поповиќ ја видел девојката во публика на концерт во Шведска, ја прекинал свирката и ја барал, иако не ја нашол. Автор на музиката е Фадил Реџиќ, а текстот го напишал Кемал Монтено.
Борис Новковиќ - „Тамара“
Пејачот ја отпеа оваа песна како сочувство за пријател кој сакал една Тамара. Тие раскинале и тој неизмерно страдал по неа. Според зборовите на пејачот, вистинската Тамара се препознала во песната и по нејзиното објавување му се јавила на Борис оставајќи му порака во која му се заблагодарува што ѝ ја посветил песната.
Прљаво казалиште - „Ту ноќ кад си се удавала“
Песната е посветена на членот на бендот Јасенко Хоура и неговата поранешна девојка која му ветила дека ќе го чека додека служи војска. Но, кога го отслужил воениот рок и се вратил, дознал дека имаат закажано свирка за свадба, која се покажало дека е свадба на неговата поранешна девојка. За овој настан е снимен и филм во хрватска продукција.
Рибља чорба: „Остани ѓубре до краја“
Бора Ѓорѓевиќ ѝ ја посветил оваа песна на една од најпознатите југословенски манекенки - Билјана Невајда Шевиќ.
Извор:
Stil.kurir.rs
Фото: Screenshot/YouTube