На фејсбук-страницата „Носталгија“ беше објавена фотографија од стереотипен стан од 70-тите и 80-тите со опис: „Вака изгледале становите во Југославија во 80-тите“. Но, на сите им падна в очи една работа.
- Не фали ништо во станот. Се гледа колку љубов има, децата седат во скутот на родителите, а тоа беше најважно. Не како сега кога секој седи сам и само гледа во телефонот. Никој нема време за разговор. Тоа е тажно и жално - пишува еден интернет-корисник.
- Прво забележав дека родителите ги држат децата во нивниот скут. Беше време на љубов во семејството. Сега секој гледа во својот телефон - пишува друг.
- Станот не е важен на оваа фотографија. Мене ми е супер. Имав преубаво детство во вакво домаќинство. Моите родители, сестра ми, јас, цртани во 19:15, гости, село. Не ми фалеше ништо, а топлината на домот ја имаше во изобилство. Тоа се викаше дом во кој бевме среќни - пишува трет.
Извор:
b92.net
Фото:
Facebook