X
 09.12.2020 Образование

Градежниот факултет при УКИМ објави повик за следење 50 бесплатни курсеви

Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објави отворен повик за пријавување на курсеви во рамките на проектот All4R&D.
Платформата All4R & D е осмислена да се поврзат универзитетите и индустријата во совладување на предизвиците.
Подготвени се 50 LLL курсеви, на кои може да се пријават студенти и професионалци од областа.

Курсевите се во различни категории, а сите информации може да се добијат на следниов ЛИНК.
Заинтересираните може да се регистрираат до 25 декември 2020 г., а курсевите ќе се одржуваат во периодот од 15 јануари до 15 март.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование