X
 11.05.2018 Образование

Градежниот факултет од Скопје со универзитети од Финска, Шпанија и од Италија вклучен во проектот „V-tours“

Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е партнер во меѓународниот проект од програмата ERASMUS+, заедно со универзитети од Италија, Шпанија и од Финска. Целта на проектот „Виртуелни тури за бизнис-култура“ – V-Tours е да ги зголеми и да ги подобри можностите за дијалог помеѓу студентите и компаниите создавајќи една виртуелна средина.

- Компаниите имаат активна улога на локално ниво и им даваат поддршка на студентите во момент на трансфер од фазата на образование кон професионална кариера. Во рамките на проектот се формирани две алатки: Платформа за учење V-Tours и Виртуелна посета во компании – информираат од Градежниот факултет.

Платформата за учење V-Tours е наменета на студентите подобро да се подготвуваат за реална работна средина, но истовремено им дава можност на компаниите да им помогнат во обуката на новите вработени, особено ако тие немаат претходно работно искуство. Обуката е организирана во четири целини (модули), т.е. десет лекции кои опфаќаат повеќе теми и тренинзи.



Од факултетот информираат дека во овој момент трае пилот-фазата на користење на овие лекции, па нивното користење е бесплатно.
- Ги покануваме заинтересираните студенти, но и вработени во компании да се вклучат. Подетални информации за оваа активност можат да се најдат на линкот: http://virtual-tours.eu/mk/mkplatform/ каде што со пополнување на прашалникот може да се регистрирате за учество во тестирањето на финалната верзија на платформата – велат од Градежниот факултет.

Втората алатка - виртуелна посета претставува можност за компаниите на онлајн-настан да ја претстават својата компанија, организација на работата и процесите во компанијата.
- Во текот на виртуелната посета ќе може да се одговара на прашања од учесниците поставени во реално време, заинтересирани за начинот на организирање и спроведување на активностите на компанијата.


 
Во рамките на проектот се организираат посети на десет компании од Италија, Финска, Шпанија и од Македонија. Виртуелните посети во Македонија ќе се организираат во две компании. Тие се од јавен карактер и може да учествуваат сите заинтересирани студенти преку долупосочените линкови и термини:

- Кнауф (www.knauf.com.mk) 11.5.2018 со почеток во 13:00 часот. Учество преку следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=8qnstWlskZU

- Фармахем (www.farmahem.com.mk) 22.5.2018 со почеток во 13:00 часот. Учество преку следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=7ayHli6BMLo

- Во компјутерскиот центар на Градежниот факултет во Скопје ќе биде организирано групно следење на овие настани, па заинтересираните, доколку сакаат, можат да ни се придружат – велат од факултетот. Оттаму велат дека опсежни истражувања докажале дека и покрај тоа што најголем дел од европските универзитети им нудат на нивните студенти одредена помош во градење на кариерата и услуги при реализација на практиката, студентите не се доволно подготвени да ги разберат компетенциите потребни при реализација на професионалните улоги.



- Не се запознати со светот на работни односи, така што не им е јасно што точно значи работни услови и работна средина; често немаат јасна свест за сопствените вештини, особено во однос на професионалната кариера што би сакале да ја градат. Овој проект има и цел да ја подобри соработката меѓу универзитетите и стопанството и добивање поквалитетна работна сила, студенти кои полесно се вклучуваат и адаптираат во реалната работна средина.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование