X
 24.02.2023 Живот

Најголемото тестирање на четиридневна работна недела се покажало успешно

Масовното тестирање на четиридневната работна недела во Обединетото Кралство, за кое се смета дека е најголемо од овој вид, има докази за добрите страни на оваа практика.

Во тестирањето биле вклучени 61 вработено лице. Главното сознание е дека четиридневната работна недела за истата плата е подобра за здравјето и нивото на стрес на вработените.

Од тоа може да имаат придобивки и компаниите. Дури 92 отсто од вклучените компании во тестирањето изјавиле дека ќе продолжат да работат четири дена во неделата.

Компаниите не забележале намалени приходи во пробниот период од јуни до декември изминатата година. Некои компании дури забележале раст во приходите.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот