X
 10.11.2016 Здравје

Тајните на луѓето кои никогаш не се разболуваат

Сигурно познавате барем една личност која успева да остане здрава додека сите околу неа киваат, кашлаат и се чувствуваат лошо. Нивната тајна лежи во нивните животни навики кои секоја година ги спасуваат од сезонските настинки и грипови.

1.    Се хранат  здраво

Медитеранскиот начин на исхрана кој се темели на белковини без маснотии, свежо овошје, зеленчук и житарки во цело зрно, се покажа како еден од најздравите. На болестите и инфекциите, пак, им „одговара“ индустриски процесуирана храна полна со маснотии, бело брашно и шеќер.

2.    Редовно користат витамински суплементи

Колку и да се внимава на исхраната, понекогаш е тешко да се внесат сите потребни витамини и минерали во организмот. Затоа голем број луѓе го надоместуваат тој дефицит на нутритиенти со користење на витамински суплементи во капсули или прашоци што го зацврстуваат имунитетот и го јакнат организмот во борбата против болести.

3.    Спијат минимум седум часа секоја вечер

Експертите се согласуваат дека доволното количество на сон е едно од најважните правила за здрав живот. Истражувањето на универзитетот Карнеги Мелон и Питсбург Медикал центарот  покажа дека лицата кои спијат пет до шест часа во текот на ноќта имаат 30 проценти поголема можност  да настинат во однос на лицата кои спијат седум или повеќе часа.

4.    Го контролираат стресот

Докажано е дека стресот го намалува имунитетот, а експертите тврдат дека е возможно истиот да се контролира. Пред сè важно е подобро да се организираат секојдневните обврски. Авторката на книгата „The Alternative Medicine Cabinet“, д-р Кети Грувер,  тврди дека негативните последици од стресот можат да се ублажат со омилени активности како танцување, медитирање, визуелизации и позитивни афирмации.

5.    Често ги мијат рацете

Во текот на денот со рацете допираме разни површини со сомнителна чистота, од возилата во јавниот превоз до сопствените тастатури на работа, во кои се кријат многу бактерии. За да се спречи нивно ширење и зараза, здравите луѓе редовно ги мијат своите раце.

6.    Редовно вежбаат

Редовните вежби го јакнат имунитетот и ја намалуваат можноста за инфекции на дишните патишта, открива студијата објавена во магазинот „Journal of Sport and Health Science“. Позитивните придобивки врз здравјето и телото се постигнуваат со каква било физичка активност што се практикува редовно, барем трипати неделно.

7.    Не користат јавен превоз

Кивањето и кашлањето се вообичаени појави во средствата  на јавниот превоз, па многумина се заразуваат додека одат на работа или на училиште. Затоа во преодните периоди и во случаи на епидемија на грип, се препорачува користење на сопствено возило или пешачење до работното место.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје