Истражувачите се потрудија да ги откријат идеалните минути за ужина, прегратки, вежбање и слично.
Еве колку време треба да посветите на секоја активност во текот на денот и годината.
Годишен одмор - 8 дена
Фото: Pexels
Иако сите копнееме по бескрајни одмори, истражување на Универзитетот во Тампере, Финска, посочува дека осумдневниот одмор е идеален за максимална релаксација, без досада или носталгија по домот.
Вежбање - 21 минута
Експертите за јавно здравје во Велика Британија препорачуваат вежбање од најмалку 150 минути неделно. Дневниот тренинг би требало да трае 21 минута, а може да биде секоја активност - од едноставна прошетка до тренинг со висок интензитет.
Пауза за ручек - два часа
Фото: Pexels
Паузата за оброк на работа обично трае половина час, а оние што имаат среќа може да добијат еден час. Но, се чини дека не е доволно. Неврологот Џош Дејвис вели дека човечкиот мозок работи многу ефикасно во кратки налети, а подолгата пауза помага во тој процес.
- По долгата пауза од работа, добивате период на голема ментална енергија и може да имате два одлични часа за работа - вели тој.
Времетраење на филм - два часа
Истражување спроведено од „Југов“ открива дека 55 отсто од луѓето мислат дека идеалната должина на филм е два часа, а најпопуларното времетраење на филмот е помеѓу час и половина и два часа.
Бањање - 10 минути
Иако многумина остануваат во бањата 20 минути или подолго, студијата објавена во медицинското списание „Слип медисин ривјус“ открива дека само десет минути поминати во лежење во топла вода се доволни за подобар сон.
Спиење - 7 часа
Фото: Pixabay
Истражувањето на Универзитетот во Кембриџ покажа дека е идеално да спиете седум часа за да бидете полни со енергија и подготвени за нов ден.
Прв состанок - 57 минути
Потребно е нешто помалку од еден час за да запознаете некого малку подобро на првиот состанок и да одлучите дали ќе има втор состанок или не. Според магазинот „Космополитан“, 57 минути се совршени да се напиете пијалак и да научите нешто за потенцијалниот партнер.
Гледање телевизија - 2 часа
На телевизија секогаш постои нешто што ни го одвлекува вниманието, нè забавува, но зјапањето во екранот повеќе од два часа е поврзано со здравствени проблеми. 12-годишно истражување на „Биобанк“ покажало дека луѓето што гледаат телевизија помалку од два часа дневно се изложени на помал ризик да развијат здравствени проблеми.
Гушкање дете - 20 секунди
Фото: Pexels
Научниците од јапонскиот Универзитет „Тохо“ откриле дека прегратката што трае подолго од 20 секунди може да биде иритирачка за децата.
- Речиси е невозможно да се избегне лошото расположение на детето по едноминутна или подолга прегратка - објаснуваат научниците.
Работа - 52 минути
Совршеното време за најефикасно фокусирање на работата е 52 минути. Потоа направете пауза од 17 минути и вашата продуктивност ќе скокне на врвот.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Pexels