Како што технологијата оди напред, така и нашите очекувања од неа се сѐ повисоки. Ако порано од еден паметен часовник очекувавме да има понекоја апликација и да не биде едноставен информатор за времето, сега часовниците прераснаа во мали паметни помошници од кои бараме многу повеќе. Доколку на вашиот зглоб сакате да носите паметен часовник, кој воедно ќе биде и ваш спортски помошник и придружник на прошетките, а ќе може по ваша желба да се трансформира и во прекрасен дополнувач на елегантниот изглед, Huawei Watch GT 2 Pro е она што го барате.
Овој часовник може да биде елегантен, но може да биде и ваш пријател во салата за вежбање, сѐ зависи од тоа како се чувствувате и што правите. Часовникот има прекрасен дизајн - екранот на допир е финиширан со стакло од сафир, кое не може да се изгребе, па е совршен за сите ваши спортски и рекреативни активности. Рамката е титаниумска, а грбот на часовникот е керамички и овозможува комфор додека го носите. А можете и да си изберете од повеќе од 200 изгледи на лицето на часовникот, па тој ќе одговара на секоја ваша модна комбинација што ќе ја изберете во текот на денот и тоа со само неколку допири и одлучност, што можеби и нема да е толку лесно поради големиот избор.
Но, веќе споменавме дека барањата ни се многу поголеми од физички изглед, па ќе се осврнеме на „душата“ на часовникот, односно функциите поради кои ќе се заљубите во него.
Huawei Watch GT 2 Pro ќе ви обезбеди податоци за срцевиот ритам, нивото на стрес, нивото на кислород во крвта, ќе го следи вашето спиење и додека спиете може да го следи срцевиот ритам, да го анализира дишењето и да даде резултат на вашиот вкупен квалитет на спиење. Доколку сакате, часовникот може научно да следи и дијагностицира шест вообичаени проблеми со спиењето, а може и да ви даде предлози за подобар одмор. Накратко кажано, на вашиот зглоб може да носите и ангел-чувар на вашето здравје.
Кога станува збор за спортувањето, Huawei Watch GT 2 Pro ќе ве изненади колку многу може да ви понуди. Овој часовник може да следи податоци за повеќе од сто режими на вежбање, меѓу кои се 17 професионални и 85 сопствени режими. Во овој мал помошник можете да најдете и повеќе од десет курсеви за трчање со насоки за подобар тренинг.
Huawei Watch GT 2 Pro може автоматски да ги детектира формите на тренинг, а вие само треба да потврдите без да приспособувате други поставки. Активацијата на следењето на тренингот е едноставна, а големиот спектар на можности на часовникот само ќе го дополни вашиот тренинг и ќе го зголемат вашиот елан за вежбање. Кога ќе завршите со тренингот, притискате „End“ и паметниот часовник престанува да следи и ви вади извештај со податоци, поедноставувајќи и разубавувајќи го целиот процес.
Часовникот може да ви понуди многу доколку сте професионален спортист. На пример, доколку скијате, освен за здравствените показатели, часовникот може да ви обезбеди и податоци како просечна брзина, максималната падина, патеката и растојанието за скијање, скијање и сноуборд на скијачко поле. Освен тоа, можете да добивате говорни предупредувања доколку некои податоци ја надминуваат нормалната стапка.
Доколку сте љубители на планинарењето и прошетките во природа, веројатно ќе ви биде важно да знаете дека овој часовник поддржува GPS Route Back. Оваа функција ја бележи вашата маршрута и користи GPS за попрецизно означување на позицијата, но исто така може да ви помогне да се вратите на почетната точка.
Освен дневните и неделните прогнози за временската состојба, можете едноставно да слајднете надолу и да се информирате за изгрејсонцето, зајдисонцето, месечевите мени, приливот и одливот.
Но, сето ова би било бледо без музика и слика. Денес сме навикнати каде и да одиме, со нас да имаме слушалки и музика. Тренингот би бил многу подосаден да не е музиката, признајте. Затоа овој мал другар може да собере стотици песни и да се поврзе со HUAWEI FreeBuds Pro, па што и да решите да вежбате, ќе може да биде проследено со вашите омилени нумери.
Нормално, ако сакате, можете и да се слушнете со некој пријател. Со часовникот можете да примате или одбивате повици и да проверувате кој ве побарал, а за тоа само ќе треба да го поврзете часовникот со телефонот преку блутут.
И фотографирањето е вклучено, секако. Можете да го оставите телефонот далеку од вас и од далечина да фотографирате со паметниот часовник. Фотографиите од телефонот потоа можете да си ги пренесете на часовникот.
И за сето ова е потребна енергија, а за неа ни е потребна добра батерија. Сите ние сме опседнати со траењето на батериите и при секое купување технолошки уред големо внимание посветуваме на тоа колку трае батеријата и како се полни. Кога станува збор за Huawei Watch GT 2 Pro, нема да останете разочарани. Батеријата трае и до две недели, па нема да имате грижи дали ќе останете без помошничето на сред тренинг. Исто така, со само 5 минути безжично полнење паметниот часовник ќе ве информира и служи следните десет часа. Можеби и најмногу ќе ве израдува информацијата дека овој паметен часовник поддржува и обратно полнење од вашиот телефон кога нема полначи.
Откако ќе го разгледате и ќе сфатите што носите на зглобот, низ глава за секунда ќе ви помине мисла – како да беше пред векови кога часовникот покажуваше само време. И ќе се израдувате што живеете во доба кога можете да гледате како надворешноста на часовникот останала речиси иста, но внатрешноста станала многу поубава од она што некогаш сте го замислувале.
(Комерцијална објава)