X
 15.10.2021 Здравје

Пациенти со рак во терминална фаза излекувани со нова терапија

Научници од Институтот за истражувања за рак во Лондон тестирале нова комбинација од лекови со која може да се излекуваат пациенти со рак на главата и на вратот.

Терапијата се состои од два лека за имунотерапија, ниволумаб и имилимумаб, а ги намалува туморите што се во напредни фази. Некои од пациентите што учествувале во тестирањето целосно се излекувале, а најголем дел од учесниците живееле три месеци подолго од оние што примиле вообичаена хемотерапија.

Ова може да биде чекор напред кон пронаоѓањето третман кој може да ги спаси или барем да им помогне на пациентите што се во напредна фаза на болеста.


Фото: Pixabay

Новиот третман целосно излекувал пациент со дијагноза на рак на грлото кој му се проширил на белите дробови. Пациентот го примал третманот осум недели, а потоа примил и хемотерапија и со операција му бил отстранет ракот од белите дробови. Тој открил дека за време на терапијата продолжил да живее нормално и не забележал несакани ефекти.

Сепак, третманот немал статистички значајни ефекти кај сите пациенти, па затоа научниците не може да бидат сигурни дали тој навистина би бил ефикасен на масовно ниво.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје