Основан во 1946 година, Филмскиот фестивал во Кан претставува еден од најпрестижните филмски фестивали во светот, а 71. издание ќе се одржува од 8 до 19 мај.
Фото: Cannes
Фестивалот ќе биде отворен со филмот на Асгаро Фархади, „Everybody Knows“, со Пенелопе Круз и Хавиер Бардем.
Тијери Фремо, уметничкиот директор на фестивалот, ги објави избраните наслови во Париз. Во конкуренција за „Златна палма“ се:
„Еverybody Knows“, Асгахар Фархади
„At War“, Стефан Бриз
„Dogman“, Матео Гарон
„Le Livre d’image“, Жан-Лук Годард
„Asako I & II“, Рјусуке Хамагучи
„Sorry Angel“, Критофе Хоноре
„Girls of the Sun“, Ева Хусон
„Ash is Purest White“, Џиа Зангке
„Shoplifters“, Хироказу Коре-еда
„Burning“, Ли Чанг-донг
„Capernaum“, Надин Лабаки
„Blackkklansman“, Спајк Ли
„Under the Silver Lake“, Дејвид Роберт Мичел
„Three Faces“, Џафар Панахи
„Cold War“, Павел Павликовски
„Happy as Lazzaro, Алис Рорвачер
„Yomeddine“, А.Б. Шавки
„Summer“, Кирил Сребреников
Другите категории можете да ги прочитате на официјалната
веб-страница.