„Нокиа“ повторно влегува на пазарот на професионални фотоапарати со воведување на првата индустриска 5Г-камера со можност за снимање 360 степени. Тоа е камерата наречена „нокиа 360 камера“, која може да проследува видео 8К во живо, со опкружувачки звук, користејќи врски со мала латентност, вклучувајќи 5Г, вај-фај или поврзување преку етернет.
Како што истакнува самиот производител, „нокиа 360 камера“ првенствено е наменета за индустриски корисници. Верзијата со 5Г-конекција се издвојува по својата издржливост, приспособена е на екстремни температурни услови и има „Ај-Пи 67“ сертификат за отпорност на вода и прашина, како и отпорност на удари. Камерата е опремена и со напредни системи за сајбер-безбедност, за да се обезбеди заштита на податоците.
Уредот е дизајниран да работи со софтверот на „Нокиа“ во реално време – „еХтенденд реалити мултимедија“ (РХРМ), кој овозможува различни апликации и поддржува видео од 360°, 3Д ОЗО аудио и нуди можности за создавање проширена реалност.
- „Нокиа РХРМ“ им овозможува на индустриските корисници да ги подобрат деловните процеси, со заштеда на трошоци - од поддршка на производи до операции на терен. Додавањето индустриска камера со 5Г обезбедува целосно решение за далечински апликации во реално време, како што се свесноста за ситуацијата, далечинско следење, телеоперација и спортски и забавни настани на стадионите - изјавил Сами Ранта, генерален менаџер на РХРМ во „Нокиа“.
„Нокиа 360 камера“ веќе е имплементирана во истражувачки и оперативни активности во најдлабокиот рудник во Европа, рудникот Пихасалми во Финска, каде што се користи за истражување и развој и обука на далечина, во соработка со финската компанија „Калио Пихајарви“.
Извор: bug.hr
Фото: YouTube screenshot