Од 1,8 милијарда во 2017, бројот на пластични кеси во супермаркетите во Грција во 2019 се намалил на 24 милиони, односно за 98,6 отсто, според податоците на грчкиот Институт за истражување на малопродажни производи.
Резултатите од истражување, за кои од Институтот велат дека се особено охрабрувачки, се однесуваат на големите супермаркети и на пластичните кеси со дебелина од 15 до 50 милиметри, за кои од 1 јануари 2019 се плаќа такса од 0,07 евра + ддв.
Во 2017 употребата била 167 кеси по жител, а во 2019 се намалила на само две.
Паралелно, грчките домаќинства во изминатите три години се снабдиле со над 17,3 милиони кеси за повеќекратна употреба.
Извор: МИА