Властите во Источна и Јужна Шпанија ги затворија училиштата и почнаа да евакуираат жители бидејќи земјата е зафатена од дополнителни поројни дождови, по само две недели од катастрофалните поплави во кои загинаа најмалку 215 луѓе.
Државната метеоролошка агенција „Аемет“ издала највисоко ниво на предупредување за провинциите Тарагона во Каталонија и Малага во Андалузија.
Владата на Андалузија ги затворила училиштата во провинциите Малага и Гранада, а 3.000 луѓе се евакуирани од населбите во близина на реката Гвадалхорсе, која минува низ провинцијата Малага.
Регионалната влада на Валенсија, која беше критикувана за справувањето со катастрофата пред две недели, ги советува советите во погодените области да ги затворат училиштата и да препорачаат луѓето да работат од дома.
- Опасноста е екстремна. Избегнувајте да се движите наоколу бидејќи реките може да се поплават. Бидете многу внимателни! – предупредија од „Аемет“ и информираа дека 180 литри вода на квадратен метар може да паднат во областа во текот на четири или пет часа.
Иако сегашното невреме не се очекува да биде толку моќно како последното, влијанието на дождовите може да биде силно поради огромните количества кал кои веќе се на теренот и нарушената состојба на канализациониот систем. Речиси 20.000 војници, воен персонал и полицајци се ангажирани во операцијата за чистење во Валенсија, која беше најтешко погодена од поплавите пред две недели.
Извор: theguardian.com
Фото: YouTube screenshot