X
 14.12.2019 Живот

Отворен нов забавен парк во Германија со големина колку пет фудбалски игралишта

Нов забавен воден парк со големина колку пет фудбалски игралишта е отворен во Германија, блиску до француската граница.

Забавниот парк се наоѓа во Русту, на околу два часа возење од аеродромот во Штутгарт, а се вика „Рулантица“, според нордискиот остров што контроверзниот бог Локи го создал за да доведе луѓе во искушение.

Паркот е поделен во девет зони. Наместо тропски палми и пирати кои се главна тема на многу водени паркови, овде главна улога имаат викинзите и ликовите од скандинавските легенди. Главната маскота е „Снори“, која на главата носи викиншка кацига.


Паркот има 25 различни атракции, вклучувајќи базен со бранови и 17 тобогани.

На многумина омилен им е тобоганот „Исбрекер“, кој овозможува слободен пад во вода од висина од 1,5 метар, како и „Винтер Рут“, атракција на која можете да искусите бестежинска состојба.


„Рулантица“ е дизајниран како школка, а температурата не паѓа под 32 степени. Кога ќе се уморите од капење, можете да одите до „Ског лагуна“ на коктел и да се опуштите на „вирпул“ креветите или да одите на ручек во еден од рестораните.


Посетителите можат да преспијат во „Кронасар“, хотел со четири ѕвезди кој воедно е и музеј и нуди 276 соби и 28 апартмани. Големо внимание кај гостите привлекуваат ликовите од легендите и бајките, како џиновската морска змија или костурите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот