X
 14.12.2019 Живот

Скриениот свет на слатките вилини коњчиња го маѓепса овој фотограф

Прво тие го гледале него, а потоа тој почнал да ги гледа. Фотографот Ремус Типлеа ги забележал вилините коњчиња меѓу зеленилото во неговата градина во Негретити - Оаш, Романија.

Овие нежни инсекти изгледаа навистина посебно. Долгите попладневни часови поминати во фотографирање на нивниот танц му станале ритуал во текот на летото.

Низ неколкучасовно набљудување Типлеа го научил нивното однесување. Тој знаел кога се гладни, кога репродуцираат и што ги тера одеднаш да летнат. Забележал како се однесуваат на дожд и како избираат каде да спијат. Со текот на времето тој научил како да разликува мажјак од женка и доминантните квалитети при изборот на партнер.

Како што минувале годините, така летата станувале сè потопли, па Типлеа сè помалку забележувал вилини коњчиња.

- Нивната бројка е непостојана. Но, најважно е тоа што сме заедно во истиот двор - вели тој.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот