Министерството за образование и наука информира дека Спортската академија по четврти пат започнува потрага по спортски таленти во Република Македонија, кои што ќе бидат дел од спортските паралелки во фудбал, ракомет, кошарка и тенис во учебната 2015/2016 година, кои освен во Скопје, ќе бидат распределени и во Велес, Гостивар, Охрид, Штип, Прилеп, Струмица, Битола, Кавадарци и Тетово.
Целта на Спортската академија е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.
Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена, креирана програма за образование и тренинг.
За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик и физиотерапевт. Кандидатите за упис во прва година, ќе бидат селектирани од стручна комисија.
Сите информации во врска со процесот на пријавување и фазите на селекција се достапни на интернет страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, како и на интернет страниците на националните федерации за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.