X
 18.05.2015 Живот

Исповед на еден наш сограѓанин


23 декември 2012 година, Истанбул, градот во кој сонував да живеам, и тој сон се оствари. Студирав, чоече не ми се верува дека живеам овде. Кој живот е да живееш во една населба која има константо конфликти? Ма гајле ми е бе чоек живеам овде, со Босанци, Срби, Хрвати, Мароканци, Американци и Албанци. Цел Балкан, не цел свет е на едно место, кај мене во машкиот интернат. *беш машки интернат, живеам во Истанбул, градот на два континенти, кај што има се и сешто, има секакви будали, богаташи, сиромаштија и по некоја средна класа. Хаха средната класа има повеќе пари од средната класа во Америка. На пат на Џума намаз (петочната молитва во Исламскиот свет) не се чувствував добро.

Пријателот од Србија ме праша: Шта ти је тебра јел си добро?.

Му одговорив: Не е нешто како што треба... Хајде бит че ти боље.

Во една од најголемите џамии во Истанбул, каде што секој дневно има најмалку по 5 илјади верници кои ја посетуваат таа џамија сега имаше 2 реда луѓе. Беше крај на светот, барем така сите мислевме, можеби се случило само тоа било безболно, и никој не осетил, барем така мислам дека беше. До мене на молитвата беше Босанецот, и еден човек кој што прв пат го гледам.

Оџата само кажа: И да починете денес, сите ќе одите во Рај. Тоа некако ми даде храброст, иако не сум некој верник. Излеговме надвор да си ги облечеме чевлите, и човекот до мене што беше не праша, Од дакле сте? Му рековме, Балкан, Србија, Македонија и Босна. Он само одговори: Пазите данас није неки дан да се хода низ Истанбола.Отидов во интернатот и истата приказна, 6 машки во соба и сите со свои проблеми. И јас имав, ама не знаев се до вечерта.

Почнав да слушам како шетаат луѓе по ходници, излегов и нема никој. Си реков... да не полудувам? Наеднаш дојде еден мој цимер и ме праша: Добро си? Инстанто му одговорив: Не сум добар, нешто не е во ред со мене морам да одам дома. Го отвори лаптопот и почна да пишува нешто. Незнам зошто сватив дека пишува за мене му реков: Викни такси од пред интернат сакам да се исповедам во Султан Ахмед Џамијата. Ме погледна, и нешто почна да пишува на својот лаптоп. Започна и Езанот(повик за молитва во Исламскиот свет) Излегов и без да размислувам го најдов човекот кој треба да го следам. Зелена јакна и зелена торба, го следев. Незнаев каде оди но бев сигурен дека ќе ме однесе до правото место. Одев и само гледав во него, каде ли оди овој човек?

Погледнав наоколу и видов дека сум пред џамијата. Влегов без да земам абдест(ритуал на прочистување) и одма почнав да извршувам намаз (начин на молење). Од кога заврши клањањето, се упатив во собата, таму ме пречекаа оџата и еден човек. Само ме прашаа: Од каде ја зема? Им одговорив: Од една дискотека. Ме прашаа за тревата што ја пушев, мислев дека како тука е можеш да пушиш трева во парк. Се насмевнаа и ме натераа да излезам од џамијата. Излегов и се упатив кон моите роднини. По пат само гледав полиција насекаде.

Да ја скратам приказната, влегов кај роднините и ме испратија одма дома. Само отидов до интернат го земав пасошот и излегов од Турција. Кога се вратив дома, не беше ништо исто, имаше насекаде разочарани фаци. Дури и моите другари се разочараа од мене, но ме тешеа со тоа дека овде ќе ми биде боље. После 2 дена бев примен на Универзитетската Психијатрија во Скопје, со дијагноза шизофренија. Се било лага, или вистина? Незнам, тоа беше еден голем трип кој нема никогаш да го заборавам. До ден денес пијам рисперидон,апчиња кои ми беа препишани од психијатарот. Отиде шансата да успеам како дипломат, отиде и шансата да останам во странство, но знаете што? Повторно ги имам оние гласови во мене кои ме водат насекаде во животов. Колку и да беа чудни тие гласови, да не беа тие, немаше ова да го напишам, и немаше повторно да добијам стипендија.

Само сакам да апелирам до сите што мислат дека "ние ненормалните" сме некои монструми кои јадат луѓе, не е точно, јас студирам, се дружам и имам нај нормален живот како секој човек. Дури сум по нормален од некој кој нема проблеми.

Епа ајде да наздравиме сите за моите гласови и за сите оние кои слушаат гласови, би ги охрабрил да живеат нормален живот, и би им кажал дека боље е некој да го имаш цело време со тебе, од колку да немаш никој. Никогаш не сум сам, и нема да бидам сам.

Текстот е напишан од студент кој посака да остане анонимен.


Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот