Срцевиот удар е една од најчестите причини за смрт во светот. Најдобра превентивност е препознавање на можноста од удар пред да се случи. Многу луѓе кои имаат срцев удар не се свесни за притисокот и стресот на кои им е изложено телото.
Проблемот се појавува кога срцето не добива доволно крв од артериите. Онаму кадешто нема крвоток умира дел од ткивото на срцето. Во моментот кога се доживува срцев удар се чувствува болка и притисок поради мртвото ткиво. „
Choose healthy life“, интернет-страница посветена на теми од областа на здравјето и медицината, претставуваат некои симптоми на срцев удар кои треба да ги препознаете доколку сакате да го спречите срцевиот удар.
Пречесто потење и вртоглавици
Неправилната циркулација на крвта ќе влијае и на работата на мозокот. Посетете лекар доколку ги забележувате овие симптоми редовно.
Притисок во градите
Притисокот во градите е еден од најочигледните симптоми на срцев удар. Не го игнорирајте овој знак.
Чувство на слабост
Слабоста може да биде симптом на срцев удар. Може да се чувствувате слабо бидејќи артериите се стеснуваат и го отежнуваат крвотокот.
Умор
Ослабениот крвоток може да направи да се чувствувате изморено, поспано и истоштено.
Тешко дишење
Ослабениот крвоток може да влијае и на белите дробови. Тие не добиваат доволно крв и вие не можете да внесете доволно воздух, па потешко дишите. Овој симптом е многу сериозен и се препорачува итна посета на лекар.