X
 25.09.2015 Образование

Колку нови студенти се запишале на македонските факултети во последниве години?

Во изминатите седум години, односно од 2008/2009 до 2014/2015 академски години, на македонските високообразовни институции се запишале вкупно 417.339 бруцоши.


Во академската 2008/2009 година на македонските високообразовни институции се запишале вкупно 63.437 бруцоши. Седум години подоцна, во академската 2014/ година на македонските универзитети се запишаа 59.359 студенти. Ова претставува благ пораст во последните три години, но намалување во однос на крајот на изминатата деценија.


Според податоците од Државниот завод за статистика, значително поголем дел од студентите се запишуваат како редовни.


Кога станува збор за приватните институции, бројот на нови бруцоши се намалува во последните пет години, но оваа академска година е забележан мал пораст во однос на изминатата година.





Од сите запишани студенти, мнозинството се запишува на државна високообразовна институција, а овој тренд не се менува во изминативе седум години.


Од сите државни универзитети, најпопуларен избор на новите бруцоши останува универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, иако е забележано благо намалување во бројот на запишани бруцоши во последните години.

Значителен пораст во бројот на новозапишани студенти во изминатите седум години забележуваат Државниот универзитет во Тетово и универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование