Со изложбата „Уметноста е подарок за човештвото“ која ќе биде отворена утре во 11
часот на Филозофскиот факултет во Скопје ќе бидат одебележани десет години од
постоењето на Македонското „Монтесори“ здружение.
Здружението спроведува повеќе активности, насочени кон споделување на искуствата и
програмите кои ги развиваат изминатите години. Така од февруари до април тие ја
реализираа својата ексклузивна едукативно-креативна програма насловена „Градина на бои -
допри ја уметноста“ како дел од проектот „Градиме мостови“. Станува збор за заедничка
иницијатива на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за образование и наука и
швајцарската амбасада во земјава.
Здружени преку проектот Art of beaking limits, учениците од Заводот за рехабилитација на
деца и младници, основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Аврам Писески“ и Дневнниот
центар за лица со церебрална парализа ја употребија уметноста за да создадат мост меѓу
себе, без разлика на различната возраст, различните способности и различното културно и
етничко потекло.
Учениците имаа можност преку програма креирана од „Монтесори“ да ги запознаат големите
уметници како Ван Гог, Анри Матис, Клод Моне, Густав Климт и други. Тие инспирирани од
нивните дела заедно креираа умостост користејќи различни ликовни техники.