X
 17.08.2016 Технологија

Шкотска произведе повеќе електрична енергија од вообичаеното

За прв пат во историјата ветерните генератори произведоа повеќе електрична енергија од вообичаеното во цела Шкотска во еден ден.

 

skotska


Како што ветровите во Шкотска се движеа со 185 километри на час, за време на минатиот викендот, на 7 Август, секторот за обновлива енергија доживеа пресвртница. Во неделата северниот дел од земјата беше напојуван исклучиво со ветерните генератори, што се случува за прв пат во историјата електрична енергија да биде генерирана повеќе во еден вообичаен ден.

Статистичките бројки обезбедени од „WeatherEnergy“ и анализирани од „WWF Scotland“, открија дека силните ветрови помогнале да се зголеми производството на електрична енергија од генераторите. Тие открија дека во неделата земјата потрошила околу 37.202 мегавати часови енергија, вклучувајќи ги сите домашни домови, бизнис и индустрија, а ветерните генератори произвеле 38.545 мегавати часови енергија, што значи дека тие опфатиле 106 проценти од електричната потреба на Шкотска.

Овој импресивен подвиг е важна пресвртница за земјата која ги следи чекорите на другите земји до Северна Европа како Данска, која минатата година го сруши рекордот со генерирање на над 42% од електричната енергија само со ветерни генератори, а која има за цел да достигне и до 50 проценти до 2030 година.

 

Директорот на  „WWF Scotland“, Ланг Банкс изјави: „Невремето во неделата предизвика прекин за многу луѓе, но исто така се покажа како добар ден за ветерното снабдување со струја, кој само со ветерните генератори обезбеди еквивалент за потребите од електрична енергија на цела Шкотска. Овој главен момент беше овозможен и делумно благодарение на политичката поддршка години наназад за обновливите извори на енергија кои обезбедуваат над половина од потребите за енергија. Меѓутоа ако сакаме да бидеме економија која има бенефиции од ниски емисии на јаглерод, треба да продолжиме со континуираната поддршка за обновливи извори на енергија“.

Тој побара од шкотската Влада да се посвети на нова цел за снабдување на половина од енергетските потреби на Шкотска, вклучувајќи топлина и транспорт, од обновливите извори до 2030 година.

Со плановите за изградба на најголема фарма со ветерни генератори во светот, Шкотска со сигурност бара начини да обезбедува електрична енергија во иднина. 
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија