Луѓето не се единствените кои чувствуваат тага. Речиси сите животни изразуваат тага, осаменост па дури и депресија, на свој начин. Но, луѓето се единствените кои имаат способност да ја контролираат тагата.
Конкретно плачењето се смета за израз на тагувањето, но често се карактеризира и како слабост. Она што не ни е кажувано е дека плачењето е всушност клучно во справувањето со тешките моменти и е она што треба да го правиме. Ако се воздржуваме, тоа може да предизвика и психички и физички компликации.
Ова се дел од причините зошто треба да се исплачеме и да ги исфрлиме негативните емоции.
1. Се чистиме од насобраната негативна енергија
Плачењето едноставно го чисти нашето енергично поле. Не ослободува од тежината која ја чувствуваме и дозволува да завладее позитивната енергија. Со плачењето му даваме дозвола на сопственото тело да го чувствува она што во моментот му е приоритет и оставаме работите да одат во нормален тек. Доколку се воздржуваме, тогаш правиме репресија на емоциите, кои од некаде некогаш мора да излезат на површина, на ваков или онаков начин.
2. Се ослободувате и од други насобрани и потиснати чувства
Секој пат кога плачете, се повеќе и повеќе емоции излегуваат на површина што можеби не сте ни знаее дека ги имате. На пример, бесот и лутината се одбрамбен механизам за да се скрие болката и стравот. Кога ќе си дозволите да ја видите токму болката а не гневот, ќе сфатите дека сте бесни токму заради болката што ја чувствувате. Тогаш започнуваат солзите но и заздравувањето. Колку повеќе плачете, толку повеќе се откривате себеси и учите како да се справите со проблемите што ве мачат.
3. Плачењето превенира од сериозни болести
Поттиснувањето на емоциите може да доведе до сериозни здравствени нарушувања. Ако ја потиснувате болката, а го храните гневот, вие буквално го труете телото со голема количина на стрес, а 90 проценти од болесите се директна последица на континуираниот стрес. Плачењето е начин на психолошко ослободување. Телото е предвидено на тој начин да се справува со емоциите и кога ќе го приспособиме телото нормално и природно да реагира на одредени ситуации, тогаш нема да се соочуваме со компликации и болести. Во секој случај, има повеќе причини за да плачете и да си олесните, отколку да се воздржувате и да си правите да ви биде уште полошо.