X
 16.10.2016 Здравје

Позитивна психологија за трајно губење телесна тежина

Психолозите откриваат дека постои психолошка вежба што помага за трајно губење на телена тежина, а не е поврзана со броење калории!

мерење обем


Лицата што имаат повеќе неуспешни обиди со однос на нивната тежина често знаат да кажат дека пробале сé или дека знаат што треба да прават, но им треба мотивација. Но, таквите ставови не се доволни ако целта не е постигната. Затоа, оставете ги старите идеи за диети и губење на тежина, заборавете на оправдувањата за „бавен метаболизам“ или „генетска предодреденост“.

Последните научни истражувања покажуваат дека биологијата не е клучна


Има многу луѓе што имаат генетска предореденост за зголемена тежина, но не се дебели. Важно е да се смени начинот на кој се гледаат нештата. На процесот на слабеење и диетите обично се гледа како на нешто негативно. Во однос на ова неодамнешно истражување покажало дека позитивната психологија многу придонесува за постигнување на целта.

Ако прашате некој зошто е несреќен, многу веројатно е да биде наведена причина од надворешниот свет, а моментално и науката така ги перципира нештата–ние сме резултат на гените и околината. Но, позитивната психологија има поинаков пристап по прашањето на среќата. Всушност се дошло до заклучок дека надворешните фактори придонесуваат краткотрајно и тоа е 10% од целокупната среќа. Другите 90% не зависат од надворешните околности туку од тоа како мозокот го процесира светот во кој се наоѓате: како го процесирате животот што го живеете, телесната големина и врската со сами себе имаат врска со вашата улога во светот, а не околностите. Ако го промените начинот на кој ги перципирате сопствените искуства, значително ќе се покачи нивото на среќа и чувството за општа благосостојба. Најчесто се случува среќата да се поврзи со исполнување на одредена цел, „Кога ќе изгубам 10 килограми, ќе бидам многу среќен.“ Проблемот е што секогаш кога ќе се постигне една цел, мозокот задава друга, па така се одложува и наводното пристигнување на среќата.

Психолозите откриле дека кога мозокот е во позиција да биде позитивен, способноста да се постигне посакуваната цел се подобрува значително. Добрата вест е што мозокот е способен да научи како да биде во таква состојба. За ова е направен експеримент со група луѓе што биле потенцијални „генетски предодредени песимисти“ и во тој правец делувале цел живот. Експериментот се состои во тоа да запишат 3 работи за кои се благодарни секој ден, во период од 21 ден. На учесниците не им било едноставно веднаш да ги идентификуваат нештата за кои се благодарни и со напорите што ги вложиле буквално го тренирале мозокот да биде попозитивен. На крајот на експериментот перцепцијата за светот воопшто тотално им се променила. Експериментот вклучувал и мали деца и стари луѓе.

Како ова може да помогне во губењето телесна тежина?

Секое утро запишете  10 работи за кои сте благодарни. Клучното овде е навистина да ги почувствувате тие нешта и благодарноста за истите, а не само да набројувате за да стигнете до број 10. Пет од нив нека се однесуваат на вас лично, физички или ментално.

Ако се придржувате кон оваа вежба ќе направите позитивна промена во мозокот и ќе почнете повеќе да се почитувате себе си. Како резултат на тоа делувањата и однесувањето кон храната ќе ви се променат и интуитивно ќе знаете што е здрав и добар избор, а со тоа и посамоуверено ќе работите на целта да изгубите тежина.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје