X
 24.04.2018 Здравје

Ова е разликата меѓу главоболка и мигрена

Не сите главоболки болат исто. Некои, како што е мигрената, прават страните на главата да ви пулсираат со денови. Други, пак, како што се тензичните главоболки, може да предизвикаат притисок во вратот и во челото и да исчезнат за неколку часа.

Еве како да знаете каков тип болка чувствувате.


Синусна главоболка

Овие главоболки може да ги чувствувате како синусна инфекција. Може да чувствувате болка и притисок во пределот на образите, веѓите или челото. Состојбата станува полоша кога се наведнувате нанапред или кога легнувате. Исто така, може носот да ви е затнат или да ви тече. Може и да се чувствувате уморни.


Тензична главоболка

Оваа главоболка може да биде хронична, да трае со часови во текот на повеќе денови во месецот или, пак, може да биде во епизоди и да трае од 30 минути до една недела во текот на половина месец. Може да чувствувате притисок во челото или од страничните или задните делови на главата. Скалпот, вратот и рамената ви се нежни и може да чувствувате млитава главоболка.

Мигрена

Мигрената често напредува во четири фази, но не секој човек ги преживува сите.

1. Продом

Се случува еден или два дена пред главоболката. Оваа фаза може да вклучува промени во расположението, копнеж за храна, вкочанетост на вратот, зголемена жед или често проѕевање.

2. Аура

Се случува пред или за време на мигрената. Може да гледате светли точки или светлина, да ви се губи видот или да ви трепери телото.

3. Главоболка („напад“)

Трае од 4 до 72 часа. Пулсирачката болка често е на страните од главата. Може да искусите блага чувствителност, гадење и зашеметеност.

4. Пост-дром

Следува по мигрената и трае до еден ден. Може да се чувствувате збунети, зашемeтени или нерасположени.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје