X
 27.12.2016

Прекрасни фотографии од галаксијата Андромеда над малечко швајцарско село

Фотографот Сандро Касут живее во оддалеченото швајцарско село со неверојатни погледи на галаксијата Андромеда. Селото Валс, со 990 жители, е примарната локација за прекрасен поглед на најблиската галаксија до Млечниот Пат.

 

галаксија


Така, Касут, заедно со неговиот брат Маркус, го започнале проектот „Cosmic Art Photography“ пред 2 години како резултат на нивната огромна љубов кон универзумот.

Касут ги поминувал вечерите барајќи го совршеното небо. фотографиите од барањето, направени за време на различни годишни времиња, овозможуваат да погледнеме прекрасни фотографии од Андромеда во сета негова слава. Галаксијата, најголема од кластер на 54 галаксии познати како Локална група, се очекува да се судри со Млечниот пат за 4.5 милијарди години. Иако Андромеда е најблиску до нас, сепак станува збор за оддалеченост од 2.5 милиони светлосни години.

Ова се прекрасните фотографии од ноќното небо над Валс.

 

Линк до галеријата
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk