X
 16.08.2021 Живот

Подгответе се! Во иднина ќе се соочуваме со горештини и температури од 50 степени

Температурите забележани во Европа ова лето ги рушат сите рекорди. Доколку Светската метеоролошка организација ги потврди мерењата, измерената температура од 48,8 степени Целзиусови во Сицилија ќе биде нов температурен рекорд во Европа. Моменталниот рекорд го држи Атина, каде што биле измерени 48 степени во далечната 1977 година.

Интензивните горештини во Италија, Шпанија и Северна Африка, во комбинација со шумски пожари во Грција и Турција, можеби најдобро покажуваат колку станаа жешки јули и август во Европа. Сепак, топлината оваа година во некои делови на Медитеранот е речиси неподнослива.

Во моментов во горниот дел на атмосферата постои голема област со висок притисок што влијае врз поголемиот дел од Медитеранот и Северна Африка. Овој систем под висок притисок предизвикува пад во атмосферата што го компресира воздухот, а потоа го загрева - што понекогаш се нарекува топлинска купола. Покрај тоа, под системот под висок притисок, ветровите се послаби, така што топлината не се распрснува, што дополнително придонесува ситуацијата да стане потопла и потопла, објасни Боб Стефански, раководител на применети климатски услуги во Светската метеоролошка организација.

Светската метеоролошка организација предупредува дека екстремните услови можат да продолжат и да се прошират, така што некои други делови на Средоземното Море би можеле да ги соборат своите претходни рекорди за топлина.

Но, дали Медитеранот може да издржи такви температури? Или уште повисоки температури во иднина?

Професорот Питер Стот од Британската метеоролошка канцеларија, предупреди дека делови од Европа во иднина ќе треба да се подготват за температури од 50 степени Целзиусови.

gorestini
Фото: Freepik

-Не можеме да кажеме кога точно може да се случи ова, но Европа ќе мора да се подготви за идно рушење на рекордот со температури над 50 Целзиусови степени, најверојатно во близина на Средоземното Море, каде што влијанието на топол воздух од Северна Африка е најсилно - предупредува професор Скот во истражувањето објавено во списанието „Нејчр“.

Проблемот е што и покрај бројните предупредувања, повеќето земји не прават доволно за да се подготват за сѐ поизразените временски услови.

Постојат два начина да се подготват. Едниот начин е подготовка преку временска прогноза, па ако се предвиди топлотен бран една недела однапред, градовите можат да ги подготват болници и службите за итни случаи за повеќекратни повици и интервенции. Вториот начин е долгорочен и вклучува изградба на куќи и згради кои ќе бидат поотпорни на топлина, вели професор Дан Мичел од Британската метеоролошка канцеларија.

Ова би можело да биде најголемиот проблем на старите градови на Медитеранот, кои поради нивната градб, немаат можност да се прилагодат на новите климатски услови. Научниците сугерираат дека градовите би можеле да се „оладат“ со изградба на зелени оази, како што се паркови, градини и зелени покриви, но и со обојување на патиштата во бела боја, што помага да се рефлектираат сончевите зраци и да се намали температурата. Според истражувањето спроведено од научници од Универзитетот Пердју, специјалната бела боја, која ја развиле, рефлектира до 98,1 проценти од сончевата светлина, може во голема мера да ја намали температурата во градот или во зградата со која е насликана. Така тие пресметале дека 90 квадратни метри обоена површина со таа боја има моќност на ладење од 10 kW.

Она што дефинитивно ќе биде неопходна „опрема“ во секој дом во иднина се клима-уредите. Имено, иако сè уште нема конкретни научни студии, постојат сѐ повеќе докази дека високата топлина влијае врз менталното здравје. Студија објавена во „Сајенс дајрект“ покажува дека токму топлотниот бран влијае врз влошување на менталното здравје, особено кај постарите луѓе кои живеат во тропска и суптропска клима.
 
Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот