X
 16.09.2019 Живот

Пренаселеноста и екологијата – причини за крај на цивилизацијата

Компјутер создаден со цел да ги предвидува идните настани, во 1973 година го претскажал и крајот на светот каков што го знаеме. Но, наводно, научниците решиле да не го објават тоа веднаш.

Според овој алгоритам, создаден од австралиски научници, крајот на цивилизацијата ќе се случи во 2040 година поради влошување на еколошките фактори и пренаселеност на планетата. А, пак, клучната точка, кога би требало да се очекуваат кардиналните промени, е 2020 година.

Машината, исто така, го предвидела и брзиот развој на технологии што „на човекот ќе му причинат повеќе штета отколку полза“.

Сепак, не е сѐ така црно зашто според компјутерот, нема да има трета светска војна, иако водечките држави ќе поседуваат нуклеарно оружје.

Истражувачите кои неодамна наводно случајно ги откриле овие материјали од 70-тите години сметаат дека и не е така тешко да се предвиди сето ова оти „историјата е дело на човекот и тој, секако, ги разбира последиците на своите дејства“.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот