X
 16.09.2020 Наука

Археолог објаснува зошто една од најголемите тајни на стариот Египет ќе остане неоткриена

Археологот д-р Крис Наунтон детално објаснува за едно од најинтригантните откритија во рамките на Големата пирамида во Гиза. Таа е најстарата и најголемата пирамида во Гиза. Се верува дека била конструирана за фараонот Куфу во период од 20 години, иако неговото тело никогаш не било пронајдено.

Пред пет години бил лансиран проектот „Скенпирамидс“ за да обезбеди неколку неинвазивни и недеструктивни техники што би можеле да помогнат подобро да се разбере како била конструирана пред повеќе од 4.500 години. Две години подоцна, проектот го најави откритието за „Големата празнина“, 30-метарска претходно непозната празнина сместена над Големата галерија, но оттогаш нема никакви новости.

Д-р Наунтон не очекува да се промени тоа.

- Не гледам многу можности во моментов дека нови информации ќе дојдат од самата пирамида. Областа околу неа е обемно ископана, има делови од Гиза што сè уште не се темелно ископани, но мислам дека нема да откријат нешто ново. Откритието на празнината беше интересно, техниката што се искористи за тоа беше планирана неколку години. Кога ја открија празнината, постоеше надеж дека ќе се открие нешто - вели д-р Наунтон. Тој додава дека би сакал да погледне што има внатре, но во моментов постојат многу ограничувања.

гиза
Фото: Freepik

- Проблемот е, како и со аномалијата во гробот на Тутанкамон, во тоа што сè додека не можете да пристапите и да влезете во неа, нема што да се каже. Можете да одите во Долината на Кралевите и да копате, но нема начин да влезете во пирамидата без да ја срушите. Освен ако нема напредок со роботот што беше користен таму пред неколку години, иако знам дека проектот е запрен - додава тој.

- Постојат две места во земјата што се најчувствителни и најмистични: Гиза и Долината на Кралевите. Со Долината е јасно, постои уште многу работа. Но, со Големата пирамида не сум сигурен што би можело да се направи. Она што е уште полошо со Гиза е дека привлекува секакви теории за мистична енергија, вонземјани и секакви работи. Со Долината на кралевите не е таква работата - има многу злато и возбуда - вели д-р Наунтон.

Тој претходно предложи можно решение за конечно да дојде до големо откритие: низ ѕидот што ја дели неистражената просторија од остатокот на внатрешноста на пирамидата да се стави камера и да се види што има таму.

- Можно е да се направи тоа без да се предизвика оштетување на ѕидот, кој веќе е обновен. Дури и да е технички можно, министерството за антиквитети е многу внимателно поради реакциите на јавноста за поставување камера низ - вели тој.

Извор: Express.co.uk
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука