Кениската полиција го уапси Брајан Мвенда, кој добил 26 случаи додека се претставувал како адвокат. Сите случаи биле водени пред судии од апелациони и врховни судови.
Мвенда успеал да се профилира како квалификуван адвокат и судиите воопшто не се посомневале во неговите способности. На крај бил уапсен за лажно претставување откако властите добиле многу поплаки.
Кениските власти појаснија дека лажниот адвокат го украл идентитетот на друг адвокат со слично име - Брајан Мвенда Нтвига - кој пријавил дека не може да се логира во системот на Правното друштво на Кенија. Откако успеал да влезе во платформата, лажниот адвокат ја сменил профилната фотографија, аплицирал и платил за сертификат за работа, но апликацијата не била проследена бидејќи требало да обезбеди и други документи, вклучително и сертификат за основање.
Извор:
NDTV
Насловна фотографија: Twitter