X
 16.05.2017 Живот

Што имаат заедничко Емануел Макрон, Ангела Меркел и Тереза Меј?

makron
Фото: Getty Images

Емануел Макрон, кој вчера беше инаугуриран за претседател на Франција, е најмладиот лидер на Франција, од владеењето на Бонапарта. Наскоро, тој ќе присуствува на првиот самит на светски лидери, состанок со шефовите на државите на НАТО во Брисел, по што следи Г7 самитот во Сицилија.

Макрон има нешто заедничко со неколку сојузници, и ќе се соочи со прилично големи разлики, особено во врска со иднината на Европа - британската премиерка Тереза Меј се „разведува“ од Европската Унија, оставајќи ги Макрон и Меркел како двајцата главни и најважни лидери на останатиот ЕУ блок. Но, освен што и двајцата имаат презиме со иста буква, Макрон, Меркел и Меј имаат уште нешто заедничко: лидерите на најголемите економии во Европа немаат биолошки деца. Италија е четврта по големина европска економија, а премиерот Паоло Џентолини, ја дели истата карактеристика: и тој нема деца.

Сите четири лидери се во брак - Макрон и Меркел имаат посинци, додека Меј и Џентолини немаат деца. Макрон, кој го прифати неговото хибридно семејство, е близок со неговите посиноци, а сите тие биле активни за време на кампањата; дури и неговите внуци. Претседателот Трамп има 5 деца од неговите три бракови, а три од неговите деца биле активни во неговата кампања - две од нив денес управуваат со неговиот бизнис, а едно е вработено во Белата Куќа, што не е случај со Макрон.

Макрон е строг за политичко вработување на членовите од семејството.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот