X
 16.02.2021 Наука

Физичкото дистанцирање и носењето маски ќе останат како мерки низ целиот свет до наесен

Мерките за физичко дистанцирање можеби ќе треба да останат во сила до наесен со цел да се намали циркулацијата на коронавирусот откако ќе се вакцинира населението во светот.

Ограничувањата можат да останат во сила до крајот на годината за да се овозможи олеснување на другите мерки.

- Сè додека има нови варијанти од вирусот, ние сме ранливи. Затоа, продолжете да практикување физичка дистанца, носење маски, изолација кога сте болни - вели Дејвид Набаро, специјален пратеник за Ковид-19 од Светската здравствена организација.

Професорот Џон Едмундс, член на научното советодавно тело „Сејџ“, вели дека некои ограничувања во секојдневниот живот може да бидат во сила до крајот на оваа година. Тој додава дека е важно дали репродукцискиот број на заразени (R) ќе биде над 1.

Лоренс Јанг, професор по молекуларна онкологија на Медицинскиот факултет „Ворвик“, вели дека ограничувањата и мерките ќе треба постепено да се олабавуваат.

- Нема наеднаш да се случи. Ќе биде постепено олеснување и сето тоа ќе треба да се направи на внимателен начин. Ќе треба да продолжиме со физичкото дистанцирање и онаму каде што треба - носење маски за лице и тоа прилично подолго време - вели Јанг, додавајќи дека мерките ќе треба да се олеснуваат во поединечни фази, а ефектите ќе се гледаат на секои неколку недели.

- Не треба да ги направиме грешките од минатата година, кога во летото се опуштивме поради падот на инфекциите, но последиците ги почувствувавме во текот на есента - вели тој.

Извор: Liverpoolecho.co.uk
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука