Постои една стара мистична книга која е над човечките разбирања. Познат како „Ракописот на Војнич“, овој артефакт, кој датира од 15 век, се претвори во модерна легенда.
Модерната најмистериозна книга на светот привлече многу сериозни читатели решени да извлечат некакво значење од неа.
Предметот бил откриен во 1912 година од страна на антикварот Вилфрид Војнич и во текот на изминатиот век пораката на ракописот ги изигрува сите што некогаш ја отвориле корицата, вклучувајќи и криптографи, лингвисти, па дури и програмери.
Но, еден научник од Англија, кој само две недели ја проучувал, мисли дека сфатил за што станува збор.
- Додека го дешифрирав кодот, доживеав неколку „еурека“ моменти, по кои следуваше чувство на неверување и возбуда кога ја сфатив големината на постигнувањето, како во однос на лингвистичко значење така и во однос на откритијата за потеклото и содржината на ракописот - вели лингвистот Џерард Чешир.
Тврдењето било внимателно разгледано и објавено во списанието „Романс стадис“. Но, без разлика која оправданост може да ја понуди разгледувањето, таа веднаш е балансирана од замагленоста на истражувачкиот метод.
Користејќи „иновативна и независна техника на мисловен експеримент“ - или како што се наведува во соопштението за медиуми: „необичен приод и остроумност“ - Чешир верува дека пронашол исчезнат јазик, постар од францускиот, италијанскиот, романскиот, португалско-шпанскиот и галицискиот.
Чешир е убеден дека текстот е напишан во совршено нормален прото-романски јазик. Преведувајќи делови од текстот, тој вели дека во него се пишува за хербални лекови, капење, астролошки читања и за женското тело. Англичанецот дури тврди дека знае кој го напишал кодот: доминиканска калуѓерка го составила како прирачник за „женскиот кралски двор“ на Марија од Кастиља, кралицата на Арагон.
На пример, на сликата подолу се вели дека се претставени две жени кои се справуваат со пет деца во бања, кажувајќи фрази кои наводно се слични со зборови на каталонски, португалски и романски јазик.
Фото: Science Alert
Некои луѓе беа многу скептични за тврдењата на Чешир.
Ова не е прва интерпретација на ракописот. Во минатото имаше многу слични тврдења, некои поубедливи од другите, но повеќето од нив на крајот доживеаја
неуспех.