X
 17.05.2022 Култура

Најочекуваните филмови на Канскиот филмски фестивал 2022 година

За неколку дена француската ривиера повторно ќе пречека голем број меѓународни кинематографери и професионалци од филмската индустрија.

И оваа година фестивалот не ја исполни целта за родова еднаквост во главната конкуренција. Сепак, некои дополнително додадени филмови ја подобрија женската застапеност. Насловите како „Елвис“ на Баз Лурман и новите напори на Дејвид Кроненберг, Клер Денс, Миа Хансен-Лов, Џорџ Милер и Итан Коен ќе бидат премиерно прикажани заедно со очекуваните деби-појавувања на Рајли Кеу и Ли Џунг-Џе („Игра на лигни“).

Како што е случај со секој филмски фестивал, некои наслови веќе им го привлекоа вниманието на љубителите на филмот, а во продолжение прочитајте ги најочекуваните филмови на 74. издание на Канскиот филмски фестивал.

„Топ ган: Маверик“ (2022)




Режисер: Џозеф Косински

Улоги: Том Круз, Мајлс Телер, Џенифер Конели, Џон Хам, Глен Пауел, Луис Пулман, Ед Харис, Вал Килмер, Џеј Елис

По повеќе од 30 години служба, како еден од врвните авијатичари на морнарницата, Пит Маверик Мичел (Том Курз) е онаму каде што припаѓа. Тој ќе почне да тренира дипломирани студенти од „Топ ган“ за специјализирана мисија каква што ниту еден пилот досега не видел.

„Брокер“ (2022)



Режисер: Хироказу Коре-еда

Улоги: Бае Дона, Сонг Канг-хо, Ли Џи-Еун, Ганг Донг-вон

Хироказу Коре-еда е режисер кој секогаш нè возбудува, особено кога е во составот на Кан. Овој пат јапонскиот режисер се враќа со уште една општествено-политичка драма/комедија, следејќи ја фиктивната група поврзана со „кутии за бебиња“ за напуштени деца.

„Елвис“ (2022)



Режисер: Баз Лурман

Улоги: Остин Батлер, Том Хенкс, Келвин Харисон Јуниор, Дејкре Монтгомери

Филмот ги прикажува животот и кариерата на пејачот и актер Елвис Присли, од неговите рани денови како дете, неговиот успех како рокенрол и филмска ѕвезда и неговата сложена врска со неговиот менаџер, полковникот Том Паркер.

„Ѕвездите на пладне“ (2022)


Режисер:
Клер Денис

Улоги: Маргарет Квали, Џо Алвин, Дени Рамирез, Бени Сафди, Џон К. Рајли

Во 1984 година во Никарагва, мистериозен англиски бизнисмен и тврдоглава американска новинарка влегуваат во романса, се вплеткуваат во опасен лавиринт од лаги и заговори и се принудени да се обидат да избегаат од земјата.

„Немите близнаци“ (2022)

Режисер: Агњешка Смочинска

Улоги: Летиција Рајт, Тамара Лоренс, Џоди Меј

Морничавата приказна за неми сестри близначки кои комуницираат само меѓу себе. Како тинејџери, тие стануваат опседнати со пишување фикција, потоа со тинејџери и на крајот со криминал.

„Лов“ (2022)



Режисер: Ли Јунг-јае

Улоги: Лу Јунг-Џае, Јунг Ву-сунг

На врвот на воената диктатура во Северна Кореја во текот на 80-тите години Парк Пјонг-хо и Ким Јунг-до, агенти на Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја, ловат севернокорејски шпион, додека дознаваат сè повеќе мрачни вистини за нивната земја.

„Воено пони“ (2022)

Режисер: Џина Гамел, Рајли Киу

Улоги: Роберт Стовер, Џоџо Баптез Вајтинг

Испреплетени приказни на две момчиња кои растат во резерватот „Пајн Риџ“.

„Злосторства на иднината“ (2022)




Режисер: Дејвид Кроненберг

Улоги: Виго Мортенсен, Леа Сејду, Кристен Стјуарт, Скот Спидман

Длабоко нурнување во не толку далечната иднина кога човештвото учи да се приспособи на своето синтетичко опкружување. Оваа еволуција ги носи луѓето надвор од нивната природна состојба и во метаморфоза, менувајќи ја нивната биолошка структура.

„Светиот пајак“ (2022)



Режисер: Али Абаси

Улоги: Зар Амир-Ебрахими

Во „Светиот пајак“ го следиме семејниот човек Саид додека тргнува на својата религиозна потрага - да го „исчисти“ светиот ирански град Машхад од неморални и корумпирани улични проститутки. Откако убил неколку жени, тој станува очаен поради недостигот на јавен интерес за неговата божествена мисија.

Извор: Rottentomatoes.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура