Расте бројот на деца инфицирани со Ковид-19. Сè почеста е појавата на поизразени симптоми кај најмалите, но присутни се и постковид-компликации кај нив. Епидемиолозите велат дека британскиот сој го забрзал ширењето на вирусот и кај децата, а педијатрите, пак, потврдуваат дека во последниот ковид-бран тие имаат потешка клиничка слика од претходно.
Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, само за една недела, во периодот од 15 до 21 март годинава, биле регистрирани 478 деца позитивни на Kовид-19. Од нив 144 случаи се деца од 0 до 9 години, а останатите 334 се деца од 10 до 19 години.
Иако во извештајот на ИЈЗ пишува дека најмал број регистрирани позитивни случаи е забележан кај овие две возрасни групи, сепак, потенцирано е дека има големо процентуално зголемување во споредба со претходната недела кај возрасната група на деца од 10 до 19 години, од 33,1 отсто.
Прочитајте повеќе на
Деца.мк.